Уште еден рецепт од едицијата нискобуџетни колачи пренесени и запишани од тетка Ката, но овде малку дотеран и надграден рецепт. Во заградите стои како е пишан изворниот рецепт, кој ако немате вага можи и така да се раководите со тоа што аромата на лимон шеќер или ампула и чоколадото за готвење тука е мој гратис за мало дотерување на рецептот. Испаднаа одлични бомбици иако се со презла. Следен пат во намера сум само уште и презлата што поситно да ја измелам, до прав.

Водата, шеќерот, какаото и маргаринот се ставаат да зовријат.
Се додава искршено чоколадото и се меша додека се стопи, па кората, сокот и лимоновиот екстракт.
На крај се додава презлата и убаво се меша.

Смесата се остава да подизлади, бидејќи топла е мека за да се обликуваат бомбиците, па се прават со раце бомбици кои се валкаат во шеќер кристал или кокос.

Откако ќе отстојат неколку часа бомбиците додатно се стврднуваат.

Како посни, можат да стојат повеќе време.

Секако, аромата наместо со лимон можи да биди и со портокал, испробано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани