1. Шеќерот го ставаме во сад на оган да се карамелизира. Го тураме врз стаклена чинија да се здрви. Откако ќе се здрви ситно го дробиме.
2. Тиквата ја чистиме од лушпата и ја блендираме.
3. Во сад ги ставаме тиквата, урмите, оревите, карамелизираниот шеќер и бисквитите. Промешуваме.
4. Од смесата правиме бомбици, кои ги валкаме во мелени или сецкани ореви по желба
Забелешка – прво ставаме 150 гр бисквити, па доколку е потребно додаваме уште во зависност од конзистенцијата на смесата

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани