Боем торта на мој начин
Оваа торта е на мој начин, бидејки на интернет најдов повеќе рецепти за боем торта си искомбинирав, хехе
Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот, па откако ке ги изматиме ги додаваме брашното, какакото, пецивото и мелените лешници, па се убаво мешаме и ја ставаме смесата во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Го вадиме плехот и оставаме да се излади панишпанот,
Го правиме филот на оган да зоврие млекото и шеќерот, а во друг сад ги матиме со миксер пудингот, брашното, жолчките и ги додаваме во зовриеното млеко. Мешаме додека се згусне смесата. Додека е уште на рингла ги додаваме чоколадата и маргаринот, мешаме додека се соедини се и оставаме да олади.
Откако се ќе биде ладно, започнуваме со филовање, панишпанот го сечеме на три еднакви дела, а во меѓувреме ја топиме чоколадата и маргаринот за полевање на корите. Филот го матиме со миксер да се добие убава смеса.
Го ставаме првиот дел, го поливаме со чоколада, ставаме фил, па го ставаме вториот дел и ја повторуваме постапката. Најпосле ја матиме шлаг пената, и во неа ја додаваме растопената чоколада и мешаме, па со тоа ја премачкуваме цела торта и декорираме со лешници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
искрено да ви кажам сите рецепти за боем торта јас ги гледав на coolinarika, и кај сите филот беше кафеав :)
ама битно ви се допаѓа , еххехех
затоа јас имам напишано дека оваа торта е некоја комбинација, од рецепти кои јас ги најдов на интернет, а рецепт за оригинална Боем торта како овој што вие ми кажавте не сретнав за жал, а и немам воопшто стари кувари за да го видам :(
ама ке бидам благодарна ако ми го испратите па нареден пат ке го направиме оригиналниот рецепт, па ке го знаеме сите :)))))
поздравче
Te molam ne mi persiraj, imam cuvstvo deka imam iljada godini, a ne se bas tolku :)
едвај чекам да дојде викенд , ихииххи
vakov ima majka mi treba da go konfiskuvam