Испечати

Боем торта на мој начин

Боем торта на мој начин

Состојки

  • состојки за панишпан
  • 4 јајца
  • 100 гр шекер
  • 100 гр мелени пржени лешници
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 1/2 пециво
  • глазура за преливање на секоја кора
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 4 лажици маргарин
  • 1- 2 лажици вода
  • фил
  • 1 пудинг од чоколада
  • 4 лажици шекер
  • 400 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • 2 жолчки
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 50 гр маргарин
  • за декорирање на тортата
  • 1 шлаг пена
  • 50 гр растопена чоколада
  • 15 лешници

Подготовка

Оваа торта е на мој начин, бидејки на интернет најдов повеќе рецепти за боем торта си искомбинирав, хехе
Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот, па откако ке ги изматиме ги додаваме брашното, какакото, пецивото и мелените лешници, па се убаво мешаме и ја ставаме смесата во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Го вадиме плехот и оставаме да се излади панишпанот,
Го правиме филот на оган да зоврие млекото и шеќерот, а во друг сад ги матиме со миксер пудингот, брашното, жолчките и ги додаваме во зовриеното млеко. Мешаме додека се згусне смесата. Додека е уште на рингла ги додаваме чоколадата и маргаринот, мешаме додека се соедини се и оставаме да олади.
Откако се ќе биде ладно, започнуваме со филовање, панишпанот го сечеме на три еднакви дела, а во меѓувреме ја топиме чоколадата и маргаринот за полевање на корите. Филот го матиме со миксер да се добие убава смеса.
Го ставаме првиот дел, го поливаме со чоколада, ставаме фил, па го ставаме вториот дел и ја повторуваме постапката. Најпосле ја матиме шлаг пената, и во неа ја додаваме растопената чоколада и мешаме, па со тоа ја премачкуваме цела торта и декорираме со лешници.