Бел крем - Whitella
1. Се загрева слатката павлака внимавајки да не зоврие. Тргнете ја и додадете го искршеното или изренданото чоколадо. Промешајте да се стопи. Не го враќате садот назад на огнот. Додадете го маргаринот исецкан на коцки. Со миксерот матете да се соединат состојките, а истовремено ќе се растопи и маргаринот. Кога се станало компактна смеса, додадете ги подпечените мелени бадеми. Измешајте. Додадете лажица мед и по ваш избор од џемот. Повторно промешајте да се соединат. Соберете во тегличка и оставете да се излади.
Тоа е се народе!
Вака брза и лесна подготовка, а добивате одличен крем кој ќе ви послужи и како намаз, (наместо нутела) како фил за полнење на пралините, дополнување на некој друг фил за некој колач и за се она што мислите дека паметно ке го искористите.
Од оваа колична на состојките добивате 300 гр. крем.
Доколку немате бадем, заменете со лешници.
Во денешниот крем јас ставив џем од малини. Можете да додадете и рендана коричка од портокал.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
Ete, sega pak treba da prasam i posle reci ne si dosadna Klaro so tie prasanjata :)))
-Kako uspea latinicni bukvi vo naslov be Lile? Kolku pati ke trebale a ne davase do sega. Ti pak so finti ;) ... ili sega e smenato :)))))
едвај истргав бадеме на страна пред да ги сомелеме седејки пред компјутер и го направив. единствена грешка ми беше што немав трпение да чекам и да купам хопла од паланка, а земав халта од локално гранапче. не е прв пат халта да ми уништи рецепт, ама го оправив некако ;)
имам само една единствена забелешка МАЛКУ Е ДОЗАТА!!!! :) :) :) :)
кремот е прва лига. си ставив бела милка бидејки таа ми е омилена и мед и не утнав. сове е до сите да си го става чоколадото кое најмногу си го сакаат за да си добијат најубав шмек :)
ние дома не го мачкаме, само го сркаме од канчето :) :) :) :)
а да, ладно беше, па запаливме ќумбе, одма ми текна како да го искористам и пак направив карамел крем ДУПЛА ДОЗА НОРМАЛНО, да издржи барем до нова година :) :) :) :)
Срекни празници,