
Бајадера со гриз
Рецептот го најдов на нет. Многу сакам гриз во десерт. Брз, едноставен, без печење и многу вкусен!
Во зовриеното млеко со шеќерот се додава маргаринот да се растопи, па во тоа се додава и гризот со постојано мешање да се свари. Кога ќе се згусти смесата, се трга од оган и се дели на 2 дела. Во едниот се додава какао, а во другиот дел се додава ванилата и сокот од пола лимон.
Во првоаголен плех 20х30 се редат бисквити, па врз бисквитите се става црната смеса, се израмнува. Над црната крема пак се редат бискивити и на бисквитите се става белата крема и на крај пак бисквити (јас ставив темни). Се става приготвената бајадера во ладилник и се причека да се олади и стегне, па после се сечат штангли и се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови