Бачи ди дама
На интернетот постојат илјадници рецепти за овие колачиња.
Бачи ди дама (италијански) или по нашки бакнежите на дамата. Од сите рецепти кои ги загледував, одлучив да ги подготвам по рецептот на Трејси, затоа што преовладува чоколадниот вкус.
Најпрво во вангла измешајте ги сувите состојки, па ставете го и исечканиот путер. Измесете го колку да се добие топка тесто, ако ви се лепи ставете уште малку брашно. Немојте да го месите долго време.
Ставете го тестото во фрижидер, саат-два. Потоа од него кинете мали парчиња, гледајте сите да ви бидат исти, пожелно е ако можете да им ја мерите грамажата ( по сугестија на Трејси, да биде секое по 7 гр)
Ставете ги во плех покриен со хартија, оставајте измеѓу нив простор, не ги доближувајте премногу и печете ги на 170 степени петнаесетина минути. Кога ќе се оладат лепете ги со нутела, а можете и со стопена чоколада...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sekerot vo prav?
Види сега еден снешко како ме испровоцира, а за колачињата дојдов да кажам. Пробав половинче, оти братски си делевме од сите со ноже :) се изненадив колку се добри на вкус!
п.с уште не сум подвоена. ви престаса тестото за мекиците :) :) :) :)
балзеси му на бебето со тетки што ќе му готват, бидејки од оние другине фајде нема :) :) :) :)
башка лили сакала баба да биде, не тетка. и тоа да видиш :) :) :) :)
Krofnite napraveni, slikani, tamam za virtuelno castenje :))))
:)))
Lile, ovie se tradicionalni, italijanski kolacinja... e sega komsiite nasi mozat razni recepti da napisat pod ova ime, ama toa ne e toa :)