Испечати

Бачи ди дама

Бачи ди дама

Состојки

  • 150 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр мелени лешници
  • 150 гр путер
  • 20 гр какао
  • нутела за фил

Подготовка

На интернетот постојат илјадници рецепти за овие колачиња.
Бачи ди дама (италијански) или по нашки бакнежите на дамата. Од сите рецепти кои ги загледував, одлучив да ги подготвам по рецептот на Трејси, затоа што преовладува чоколадниот вкус.
Најпрво во вангла измешајте ги сувите состојки, па ставете го и исечканиот путер. Измесете го колку да се добие топка тесто, ако ви се лепи ставете уште малку брашно. Немојте да го месите долго време.
Ставете го тестото во фрижидер, саат-два. Потоа од него кинете мали парчиња, гледајте сите да ви бидат исти, пожелно е ако можете да им ја мерите грамажата ( по сугестија на Трејси, да биде секое по 7 гр)
Ставете ги во плех покриен со хартија, оставајте измеѓу нив простор, не ги доближувајте премногу и печете ги на 170 степени петнаесетина минути. Кога ќе се оладат лепете ги со нутела, а можете и со стопена чоколада...