Банана чизкејк
1. Подготовка на бисквитот- Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање со дијаметар од 22 см претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица притискајќи измазнете ги рамномерно низ дното од калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
2. Подготовка на кремот- Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Бананите испасирајте ги со вилушка и ставете ги во сад на оган со сокот од портокал да се варат десетина минути на тивок оган. Во меѓувреме изматете ги со миксер жолчките и шеќерот додека не стане смесата пенаста, па потоа додадете го крем сирењето и маскарпонето и матете додека смесата не стане кремаста. Во друг сад на оган растопете го омекнатиот желатин со слатката павлака. Потоа соединетете ги трите смеси додека се топли.
3. Редење- Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го калапот во фрижидер да се лади околу 4 часа пред да го послужите чизкејкот. Декорирајте со парчиња банана и карамел пред да го послужите.
Лиценца: Сите права се задржани