Баклава со јајца и ореви
Малку поинаква баклава од класичните по својот состав, која не освои уште на првиот залак не само нас дома, ами и сите кои ја пробаа и посакаа рецепт (а ја пробаа многу мина, бидејќи таква и беше намената кога се правеше)
Јајцата и шеќерот убаво изматете ги додека побелат и згустат. Пополека додадете ги киселата вода и маслото и на крај рачно со едносмерно движење вмешајте ги презлата, пецивото, циметот и оревите.
Стопете го путерот/маргаринот.
Баклавата се витка во ролна. За секоја ролна, потребни се по 3 кори. Првите 2 кои се поставуваат една врз друга се попрскуваат со стопениот маргарин, а на третата по целата површина се премачкува со припремениот фил од јајца и ореви. Се витка така што, прво се подвиткуваат страничните делови и потоа се витка во ролна/ролат. Истото се повторува и со останатите кори и фил.
Вака спремената баклава се реди во подмачкана тава и одозгора се попрскува со останатиот стопен маргарин. Доколку процените дека останало повеќе, не го додавајте скрос цел.
Печете на 180С, околу половина час.
Сварете го шербетот, оставајќи да врие 5 минути. Потурете ја баклавата ладна или млака со млак шербет и оставете најмалку неколку часа или најдобро преку ноќ да се впие.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
кате, можеби ќе пробаме и со гриз некој пат да видиме кое ќе е послатко :)
вале, ја правев за прочка. беше за носење кај снаата на ручек, па десертот од мене. толку бев во гужви и брзање, што за чудо некогаш апаратот и моментите знаат да изненадат за разлика од тоа кога ќе се има повеќе време а и 100 снимки не можат да доловат она што окото гледа :)