Испечати

Баклава со јајца и ореви

Баклава со јајца и ореви

Состојки

  • 400 гр готови кори
  • 250 гр путер/маргарин
  • 5 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр презла
  • 200 гр ситно сечкани ореви
  • 185 мл масло
  • 6 лажици газирана вода
  • 1 пак. прашок за пециво
  • 1 пак. цимет
  • Шербет
  • 1 литар вода
  • 850 гр шеќер

Подготовка

Малку поинаква баклава од класичните по својот состав, која не освои уште на првиот залак не само нас дома, ами и сите кои ја пробаа и посакаа рецепт (а ја пробаа многу мина, бидејќи таква и беше намената кога се правеше)

Јајцата и шеќерот убаво изматете ги додека побелат и згустат. Пополека додадете ги киселата вода и маслото и на крај рачно со едносмерно движење вмешајте ги презлата, пецивото, циметот и оревите.

Стопете го путерот/маргаринот.
Баклавата се витка во ролна. За секоја ролна, потребни се по 3 кори. Првите 2 кои се поставуваат една врз друга се попрскуваат со стопениот маргарин, а на третата по целата површина се премачкува со припремениот фил од јајца и ореви. Се витка така што, прво се подвиткуваат страничните делови и потоа се витка во ролна/ролат. Истото се повторува и со останатите кори и фил.
Вака спремената баклава се реди во подмачкана тава и одозгора се попрскува со останатиот стопен маргарин. Доколку процените дека останало повеќе, не го додавајте скрос цел.

Печете на 180С, околу половина час.

Сварете го шербетот, оставајќи да врие 5 минути. Потурете ја баклавата ладна или млака со млак шербет и оставете најмалку неколку часа или најдобро преку ноќ да се впие.