Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот.
Матете додека станат пенести, а потоа додајте ги маслото, киселото млеко, афионовото семе и пецивото.
Уште кратко матете ја смесата.

Во подмачкан плех ставете една кора, попрскајте ја со масло, па ставете уште една кора и таа попрскајте ја со масло. Ставете трета кора и врз неа ставете од изматената смеса. Нанесете од сецканите ореви.
Повторете ја постапката се додека го потрошите филот и корите.
Вака спреманата баклава исечете ја на коцки и попрскајте ја со киселата вода.
Ставете ја да се пече на 180 степени, додека зарумени.
Извадете ја од рерна и оставете убаво да се олади.

Подготовка на шербет
Во тенџере на оган ставете ја водата и шеќерот.
Промешајте и оставете на среден оган да врие 10 минути.
Тргнете го тенџерето од оган и додајте ја ванилата.
Промешајте и со топлиот шербет посипете ја баклавата.
Оставете ја да отстои преку ноќ, за убаво да го впие шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани