Уште еден рецепт во низата на посни хроно рецепти кои ги правев за време на овој пост.

Подготовка
1. Бадемите ги ставаме да се киснат со вода од 12-24 часа, а потоа ги лупиме.
2. Ги блендираме во нутрибулет заедно со маслото, лимоновиот сок, лукчето и водата.
3. Краставицата ја лупиме и ја сечкаме на ситни коцки.
4. Ја соединуваме со мелените бадеми.
4. Зачинуваме по вкус, со сол и бибер, па сервираме.

Забелешка
Можете да ставите и младо лукче. Зачините додавајте ги по сопствен вкус. Кога ќе ги соедините сите состојки, можете да си додадете маслиново масло, по ваш вкус. Најдосадниот дел од подготовката за мене е лупењето на бадемите. Ама си имам помошници кои го средуваат тој дел, бидејќи им е интересен.