Шољата е од 250 мл.
Квасецот растворете го во малку млака вода.
Во него додајте го млекото, маргаринот, шеќерот, солта, малку изматените јајца, кората од портокалот, ванилата па брашното.
Сето ова матете го со миксерот на најниска брзина 1 мин. па зголемете го на 2 па матете уште 2 мин.
Ставете го тестото на топло да скисне, околу 30-40 мин. додека се направат големи меурчиња.
Потоа, малку промешајте го и ставајте го со лажица во книжни корпиња кои ќе ги ставите во калап за мафини (јас обичмо ги правам во помалечки калапи)
Корпињата наполнете ги до пола, па оставете ги пак да скисне тестото, па да се наполнат.
Релната загрејте ја на 170 ц и печете ги 15-20 мин.
За шербетот, сите состојки сварете ги петнаесетина мин.
Кога колачињата ќе се оладат, продупчете ги со игла на неколку места и ставете ги во топлиот шербет. Кога ќе се оладат, врвот малку пресечете им го и таму ставете малку измате шлаг или слатка павлака.
Кога ќе ги служите, одозгора премачкајте ги со топл мед, да имаат поубав сјај.
(Ако не можете да најдете гликоза, ставете 1 шоља вода, плус шеќер, или наместо гликоза, може сок од ананас)
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови