Рхабарбер или караница во превод е стебло од растение кое нуди киселкаст вкус. Не се вбројува ниту во зеленчук, ниту во овошје, но најмногу се користи за десерт, за мармалади и сокови.
Чичко Гугл вика дека е род на цвеќиња и дека потекнува од Азија.
Пробав да му го пишам латинското име, но веднаш автоматски ми се префрла на македонски, затоа во коментар ќе ви го напишам. Направив неколку рецепти, а еден од нив е убавиот џем.
Рабарберот се мие убаво и се лупи и сецка во сецкото.
Ѓумбирот исто така убаво се мие и се ренда во истиот сад.
Се промешува убаво со шеќерот за желирање и се остава да отстои една ноќ.
Другиот ден се промешува уште еднаш и се става да поврие 25 минути со повремено мешање.
Тегличките во кои ќе го соберете, нека се претходно миени и стерилизирани.
Се полнат со жежок џем,па веднаш се затвараат.
Интересен вкус и дефинитивно имам нов омилен производ дома.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови