27
мар
2012
Ќофтиња од јаболка со бадеми
Јаболката се мијат, лупат, чистат и сечат на парчиња. Ставете ги во еден сад со малку вода и варете додека не омекнат. Потоа испасирајте ги и соберете го пирето во еден сад.
Додајте 100 грама шеќер,250 грама ситно сечкани бисквити, сечканите бадеми и сувото грозје(омекнато во ладна вода), кората од лимонот, пецивото и циметот.
Со влажни раце измешајте ги сите состојки и направете мали ќофтиња. Извалајте ги ќофтињата во изматените јајца и во останатите сомелени бисквити.
Пржете ги во поголемо количество врело масло и вадете врз салфета за да се впие вишокот маснотија.Сервирајте ги извалани во шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови