Уште еден одличен рецепт.

Подготовка

1. Сварете ја тиквата и испасирајте ја. И компирите сварете ги и злупете ги. Испасирајте ги и соединете ги со тиквата. Додадете ја жолчката, па зачините и путерот. На крај додавајте брашно.
2. Замесете убаво тесто и исукајте дебелка кора. Исечете ленти, а од секоја лента, мали парченца од кои ќе формираме њоки. Земете вилушка и секое парченце ќе го и шараме со вилушката или пак ако
се помеки, ќе ги поминеме по краевите на вилушката.
3. Во сад со вода ставете сол и оставете да зоврие. Кога врие водата пуштајте ги њоките нека се варат. Им треба многу малку да се кренат на површината. Тогаш се готови. Вадете ги со лажица.
4. Во тава на оган ставете путер или маслиново масло и малку лук засецкан. Префрлете ги њоките таму и запржете ги малку. Служете со сос по ваш вкус. Јас наросив ситен пармезан.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови