Јунешко месо во раскошен сос од сланина, зеленчук и црвено вино
Рецептов го гледав на 24 кичен, по идеја на двајцата, харизматични незаситни Италијани, Антонио и Џенаро.
Но, за жал веќе Антонио Карлучо е починат, во својата 81 година, кој беше крал на италијанската кујна, човек кој успеал скоро цела планета да ја натера да се вљуби во италијанската кујна.
Човек кој имал напишано над 20 кувари, кој бил сопственик на неколку ресторани.....
Неговиот застапник секогаш велел-Антониевото име не е само назив на нашите ресторани, туку неговото срце и душа живеат во нив.
Па еве со минимални измени од оргиналот рецепт, ќе ви го презентирам денешниов ручек, кој е вистинска гозба.
Го послужив со чаша црвено, старо вино...уживање
Прво измиеното парче месо го маринираме.
Во еден сад соединуваме сол, бибер, хариса паста, издробена мајчина душичка, зачин, масло.
Го оставаме во еден сад.
Целиот зеленчук, морков,целер, пиперки, домат... го сецкаме на долги стапчиња.
Јас ставив и лута пиперка со цел да направам баланс во јадењето, поради користењето на слаткиот батат.
Врз месото го ставаме насецканиот зеленчук, убаво да го покрие и го оставаме во фрижидер од 6-12 часа.
Потоа на малку масло ги пржиме коцките чадена сланина, па додаваме праз сецкан на кругови.
Моја препорака е да се готви на умерен оган за да не изгори, чаденото месо, сланината или едноставано може да се премести и во друг сад додека готвиме.
Во таа тава, во маснотијата го ставаме парчето месо да се запржи, односно да се затворат порите од сите страни.
На крај додаваме стапчиња батат.
Соединуваме убаво.
Сите овие состојки ги ставаме во сад, кој има капак и налеваме црно вино.
Значи вода или бујон не додаваме
Готвиме во загреана рерна на 180 с околу 2-2,30 часа, со повремено проверување, протресување, односно по потреба и превртување на месото еднаш или два пати.
Испеченото месо го вадиме на даска, сечеме на парчиња, го сервираме и зготвениот зеленчук и послужуваме.
Верувајте секоја потрошена минута во ова јадење е оправдана
На здравје