Ставете го сусамот во сад со вода и оставете да отстои најмалку 5 часа.
Потоа убаво исплакнете го со вода.
Исцедете го и ставете во блендер.

Додајте ја водата, сокот од лимон, лукот и солта.
Изблендирајте.

Смесата процедете ја и јогуртот е готов.

Забелешка
Ова доза е за полна чаша од 400мл.
За да ви биде поосвежителен, водата нека ви биде што поладна.

Истото може да го направите и со сончоглед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани