Јогурт од сусам и лук (посно)
Состојки
- 50 гр сусам
- 300 мл ладна вода
- 1/2 свежо цеден сок од лимон
- 1 чешне лук
- прстофат хималајска сол
Подготовка
Ставете го сусамот во сад со вода и оставете да отстои најмалку 5 часа. Потоа убаво исплакнете го со вода. Исцедете го и ставете во блендер. Додајте ја водата, сокот од лимон, лукот и солта. Изблендирајте. Смесата процедете ја и јогуртот е готов. Забелешка Ова доза е за полна чаша од 400 мл.