Сите знаеме колку се здрави јајцата, особено затоа што изобилуваат со протеини. Еве една интересна идеја која јас им ја спремам често на моите деца - „Јајца на облак„
Тоа не е ниту “јајце на око“ ниту кајгана, туку сосема различен начин на спремање, па и вкус. Се надевам ќе ви се допаднат како на нас.

Подготовка:

1. Најпрво ја уклучуваме рерната да се загрее на најјаката температура (кај мене 275 степени). Внатре ја ставаме и тавата во која ќе ги печеме јајцата.
2. Белките ги двоиме од жолчките, и притоа внимаваме да не ни се растурат жолчките. Во длабок сад ги миксираме белките со прстофат сол, до нивно згуснување, како цврст снег.
3. Ја вадиме загреаната тава, ставаме во неа хартија за печење (која ја намрсуваме со силиконска четка со масло). Потоа со 2 лажици земаме од изматените белки и ставаме во тавата формирајќи гнездо, на кое во средината му правиме мала вдлабнатина за жолчката. Ги ставаме и жолчките, ги посолуваме и ги ставаме во рерната (сега намалуваме на 180 степени) да се печат, додека жолчката не се стегне, а белката благо да ја промени бојата.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани