Ова е рецепт за една лесна и многу вкусна торта, за која не е потребно некое строго, по линија филување, за да создадеме изглед на облак.

Подготовка
1. Оревите ги редиме на хартија за печење во тава бр. 26.

2. Белките ги матиме, па додаваме постепено шеќер да се згуснат. Откако сме ги изматиле додаваме џем од шумско овошје.

3. Печеме на 150 степени околу 1 час.

4. Оставаме да се излади, па ја превртуваме во чинија за сервирање со оревите нагоре.

5. Ги соединуваме жолчките со малку млеко, па додаваме и какао.

6. Остатокот од млекото заедно со шеќерот го доведуваме до вриење. Ги додаваме соединетите жолчки, мешаме до згуснување.

7. Го тргаме тенџерето на страна, додаваме ванила екстракт и чоколадото на коцки и мешаме до соединување. Оставаме да излади, го матиме путерот со миксер. Откако ќе излади филот ги соединуваме со изматениот путер за да биде мазно па додаваме 4 лажици изматена слатка павлака. Од филов тргаме на страна 4 лажици полни.

8. Филот го ставаме врз оревите, врз печената торта.

9. Матиме слатка павлака, па додаваме 4 лажици од чоколадиот фил, матиме до соединување. Ја распоредуваме врз чоколадниот фил.

10. На крајот матиме слатка павлака и ја ставаме најодозгора врз тортата.

Забелешка
Можете да ставите било каков џем.
Распоредувањето на филовите ви е произволно, со лажица, за да дојде како облак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани