Еве уште една идеја како да ги потрошите велигденските јајца.

Во зовриена вода ставете го оризот да се вари. Во друга тава на оган на 50 гр путер пропржете го брашното и постепено додавајте од млекото за да добиете бешамел сос. Додадете мешан сув зеленчук и бибер. Откако сосот ќе ја добие потребната густина тргнете го оган.

Лимонот исцедете го и лимоновиот сос додајте го во павлаката. Додајте ги и зачините шафран и кари.

Сварениот ориз исцедете го низ цедалка. Дното на тавата за печење намачкајте го со путер и ставете го на дното оризот. Варените јајца исечете ги на половина по должина и нив наредете ги во тавата со жолчките свртени нагоре. Прелијте ги со филот од павлака со зачини и врз павлаката рамномерно распоредете го бешамел сосот. На крај изрендајте го кашкавалот.

Печете на загреана рерна на 200 степени 20-25 мин.
Декорирајте со ситно сецкани перца од млад кромид.

На здравје нека е

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови