Јафа торта
Се матат 14 јајца со 14 лажици шеќер, се додаваат 14 лажици мелени лешници, 5 лаж. брашно, 2 лажици зејтин, кора од лимон и пола пециво.
Од оваа смеса се печат 2 правоаголни кори и се сечат на пола по должина.(значи 4 кори)
За белиот фил во тенџере се става млекото, шеќерот, густинот и се вари до згуснување. Се додава изматениот маргарин и 100 гр растопено бело чоколадо
За црн фил во тенџере на оган се става млекото со шеќерот да зоврие, му се додаваат оревите и се лади. Се додава 100 гр црно растопено чоколадо и еден пудинг од чоколадо сварен во 300 мл млеко со 3 лажици шеќер. Се додава и изматениот маргарин.
Начин на редење
Кора, бел фил, ресани потопени во сок од портокал со кафениот дел надолу, бел фил, кора, црн фил, кора бел фил, ресани, бел фил, кора, црн фил.
Се украсува со 2 бели шлага по желба.
Лиценца: Сите права се задржани