На загреано масло ги запржуваме парчињата телешко месо.
Ги тргаме на страна.
Во истата маснотија ги пржиме ситно сецканиот кромид, морков, пиперка и домат.
Зачинуваме и тргаме за кратко на страна.
Додаваме магдонос, бамји и промешуваме.
Ги додаваме парчињата месо и сокот кој го пуштиле истите.
Крчкаме повторно на тивко, без додавање на течност, околу 15 минути
Сега додаваме црвен пипер, промешуваме и ставаме вода колку да се покрие зајрето.
Крчкаме на тивко околу 1 час.
Пред да е готово јадењето додаваме коцки компир
Вариме уште 30 минути.
Готовиот ручек го сервираме и заливаме со црвено винце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани