Испечати

Јавнија со бамја и телешко месо

Јавнија со бамја и телешко месо

Состојки

  • 600гр телешко месо, удина
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 црвен домат
  • 1 лута пиперка
  • 15 бамји
  • 3 компири
  • 3-5лажици масло
  • 1лажица црвен пипер
  • 1лажица магдонос
  • Вода, сол, бибер, зачин по потреба

Подготовка

На загреано масло ги запржуваме парчињата телешко месо.
Ги тргаме на страна.
Во истата маснотија ги пржиме ситно сецканиот кромид, морков, пиперка и домат.
Зачинуваме и тргаме за кратко на страна.
Додаваме магдонос, бамји и промешуваме.
Ги додаваме парчињата месо и сокот кој го пуштиле истите.
Крчкаме повторно на тивко, без додавање на течност, околу 15 минути
Сега додаваме црвен пипер, промешуваме и ставаме вода колку да се покрие зајрето.
Крчкаме на тивко околу 1 час.
Пред да е готово јадењето додаваме коцки компир
Вариме уште 30 минути.
Готовиот ручек го сервираме и заливаме со црвено винце.