24
мај
2020
Јагнешка јавнија со грашок
На загреано масло ги запржуваме парчињата јагнешко месо.
Ги тргаме на страна.
Во истата маснотија ги пржиме ситно сецканиот кромид, морков, компир, пиперка.
Го додаваме и грашокот и така пржиме 3-4 минути
Зачинуваме и тргаме за кратко на страна.
Додаваме црвен пипер, магдонос, промешуваме.
Ги додаваме парчињата месо и сокот кој го пуштиле истите.
Соединуваме и додаваме вода колку да се покрие зајрето.
Крчкаме на тивко околу 1 час.
Сервираме топло.
Некои го додаваат тука варено јагнешкото месо, како и да се подготви многу е вкусен овој пролетен ручек.
По желба може да се додаде и свежо нане.
Лиценца: Сите права се задржани