Јаболков коблер или американска пита од јаболка
1. Излупените јаболка се сечат на осминки и се ставаат во подлабока чинија. Се додаваат сите состојки од преливот и се добро се меша.
Потоа се ставаат јаболките во тавче, предходно намачкано со путер или во новото Делимано силиконско тавче со округла или квадратна форма.
2. Во друг сад се меша јајцето со шеќерот и путерот, па се додава просееното брашно со ванилата и прашакот за пециво. Се меша да се добие уедначена густа смеса.
3. Тестото со лажица се распоредува преку јаболката.
4. Се пече 25-30 мин. на 180 ст. Ц
Ова е навистина прекрасна, извонредно вкусна пита од јаболка, која неверојатно лесно се прави. Се сервира топла, со сладолед.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови