6
окт
2014
Јаболков десерт за 5 минути
Ова е многу брз десерт, се подготвува за 5 мин.
Јаболката пресечете ги на половина, излупете ги и со лажиче издлабете ги.
Ставете ги или на пареа 5 мин. или неколку мин. подварете ги.
За тоа време стопете го путерот со чоколадото, на друга страна измешајте го јајцето со шеќерот, брашното, ванилата и циметот и одозгора прелијте го чоколадото. Измешајте.
Јаболката наредете ги на огноотпорен сад, па во секоја вдлабнатина ставете по 1 лажиче од смесата, или повеќе ако ви се длапките поголеми, нека биде полно до врвот. Ставете ги во микробранова на 5 мин. Готово. Одозгора прелијте ги со чоколадо.
Напомена, можете и во рерна да ги направите, на најјака температура, десетина минути.
Лиценца: Сите права се задржани