Тестото стандардно се подготвува, најпрво квасецот, шеќерот и млекото оставете ги додека не скисни квасецот па додајте ги другите состојки. Измесете меко, нелепливо тесто и него оставете го се додека не се дуплира.
Од тестото исучете кора со дебелина од 3-4 см и од неа со поголема чаша или некој калап исечете кружни парчиња, како за крофни.
Тепсијата (32 см) намачкајте ја со путер.
За филот, стопете го путерот и измешајте го со јајцето и сирењето.
По крајот од тепсијата почнете да ги редите парчињата тесто едно врз друго, а измеѓу ставајте му по 1 лажиче од филот.
Тестото кое ќе ви остане од првото сечење повторно премесете го и од него продолжете со ваѓање на парчиња.
Одозгора премачкајте го венецот од тесто со јајце и наросете го со семиња.
Оставете го половина час да скисни, а за тоа време загрејте ја рерната на 180 степени.
Печете се додека не добие убава боја, после десетина минути можете да го покриете со фолија, да не ви изгори пред време, а се пече отприлика 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови