Испечати

Ѓеврек погача

Ѓеврек погача

Состојки

  • 700 гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 1/2 л млеко
  • 13лажици масло
  • 2 лајчиња сол
  • 3 лајчиња шеќер
  • 150 гр стопен маргарин

Подготовка

1. Се става квасецот со 1 лајче шеќер, топла вода и 1 лајче брашно на топло да се активира.
2. Во длабок сад се става брашното, квасецот, маслото, млакото млекo, шеќерот и солта и се замесува меко тесто како за кифлички.
3. Се сука кора со дебелина од 1см и со чаша се сечат кругови. Се редат во круг (да дојде како Ѓеврек) едно зад друго во тепсија бр 28. и се премачкуваат со растопениот маргарин. Се остава да стасува.Се поросува со сусам.
4. Се печи во загреана рерна на 180С-40минути.На здравје!!!