Ови домашни штрудли се совршени за они моменти кога ќе ви се пријаде ваков вид на благо, заради тоа што се лесни брзи и најважно превкусни.
Готовото лиснато тесто го оставаме да се одмрзне убаво и потоа на набрашнета маса го расукуваме убаво. Го делиме на мали делови, правоаголници, кои на едниот крај ги засекуваме, а на другиот крај ставаме од мармаладот.
Потоа ги премачкуваме на секаде со изматеното јајце за убаво да се залепат и ги преклопуваме.
Така добиените форми ги ставаме на плех обложен со хартија за печење, и до горе пред да ги ставиме да се печат ги премачкуваме со јајце.
Печеме во загреана рерна додека не поруменат убаво.
Откако се готови ги наросуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови