Штрудли со смокви
Рецепт за штрудли како оние во продавница. Вкусни, меки потсетуваат на есен.
Се меси мазно тесто и се остава во фрижидер додека го спремаме филот. Миените смокви ги сецкаме на парчиња додаваме вода, шеќер и ги вариме околу 15-20мин со постојано мешање. Се остава да се излади, па се блендира за помазна смеса. Потоа доколку смесата е ретка се додаваат мелени бадеми. Тестото се сучи во правоаголна форма, а од неа се вадат 3 ленти со ширина од околу 15тина сантиметри. На средина на секоја лента се става од филот, се затвора и се притиска со прстите или со сукалото за да добие плочеста форма. Се сечат на правоаголници и се редат во намрсен плех со затворениот дел одоздола. Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 20 тина минути додека не поруменат.
Доколку имате готов џем од смокви може да се искористи за филот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови