Штрудли со смокви
Состојки
- 3 и пол шоли брашно
- 3 јајца
- 12 лажици омекнат путер
- пола шола шеќер во прав
- 1 пециво
- 1 ванила
- за фил
- околу 600гр свежи смокви
- пола шола вода
- 1 чаша шеќер
- 3-4 лажици мелени бадеми (доколку смесата е поретка)
Подготовка
Рецепт за штрудли како оние во продавница. Вкусни, меки потсетуваат на есен.
Се меси мазно тесто и се остава во фрижидер додека го спремаме филот. Миените смокви ги сецкаме на парчиња додаваме вода, шеќер и ги вариме околу 15-20мин со постојано мешање. Се остава да се излади, па се блендира за помазна смеса. Потоа доколку смесата е ретка се додаваат мелени бадеми. Тестото се сучи во правоаголна форма, а од неа се вадат 3 ленти со ширина од околу 15тина сантиметри. На средина на секоја лента се става од филот, се затвора и се притиска со прстите или со сукалото за да добие плочеста форма. Се сечат на правоаголници и се редат во намрсен плех со затворениот дел одоздола. Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 20 тина минути додека не поруменат.
Доколку имате готов џем од смокви може да се искористи за филот.