Испечати

Штрудли со лиснато тесто

Штрудли со лиснато тесто

Состојки

  • 1 паковање готово лиснато тесто
  • 1 јајце
  • 5-6 лажици мармалад од смокви
  • 1-2 лажици шеќер во прав

Подготовка

Ови домашни штрудли се совршени за они моменти кога ќе ви се пријаде ваков вид на благо, заради тоа што се лесни брзи и најважно превкусни.
Готовото лиснато тесто го оставаме да се одмрзне убаво и потоа на набрашнета маса го расукуваме убаво. Го делиме на мали делови, правоаголници, кои на едниот крај ги засекуваме, а на другиот крај ставаме од мармаладот.
Потоа ги премачкуваме на секаде со изматеното јајце за убаво да се залепат и ги преклопуваме.
Така добиените форми ги ставаме на плех обложен со хартија за печење, и до горе пред да ги ставиме да се печат ги премачкуваме со јајце.
Печеме во загреана рерна додека не поруменат убаво.
Откако се готови ги наросуваме со шеќер во прав.