Штрудлички со 4 состојки
Во еден поголем сад ставете го путерот и дадете кисела павлака или кајмак, ванилин шеќер и брашно замесете убаво мазно тесто.
Се добива навистина фино тесто кое не се лепи на рацете и за кое нема потреба уште да додавате брашно.
Тестото оставете го најмалку два часа во фрижидер. Земете оклагија и развлечете го во форма на правоаголник, со приближно 3 мм дебелина.
Потоа кората исечете ја на ленти со широчина од 8 см.Во средината на секоја лента распоредете џем и како што реков, важно е да биде некој погуст, за да не истекува.
Потоа превиткајте ги лентите, така да добиете долга штрудла и задолжително со прстите притиснете ги краевите за да не се отвора штрудлата.
Штрудлата свртете ја на другата страна, така што спојката да биде доле.Ролатот сечете го на 4см. и редете во плех.
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути, односно додека малку да заруменат. Од крајот на печењето можете малку да го засилите огнот на 200 степени доколку не ви заруменуваат.Откако ќе се оладат, печените штрудлички наросете ги со шеќер во прав.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Veruvam i ova, spored sostojkite e. ubavo za rabota