Штрудла со јаболка со јогурт
Ова е еден од омилените десерти во мојата фамилија, се прави брзо, ама уште побрзо се јаде...
Подготовката е на следниот начин
1. Најпрво ги миеме, лупиме и рендаме јаболката ( на појадрата страна од рендето )
2. На ренданите јаболка им ги додаваме гризот, 2-те лажици шеќер и ванилата ( ги стискаме од вишокот на течноста што ќе ја пуштат )
3. Од останатите состојки правиме смеса со миксирање на истите, со таа смеса ги премачкуваме корите насекаде.
4. За еден ролат ни се потребни 3 кори.
5. Зимаме една кора, ја премачкуваме насекаде од смесата, зимаме втора кора, исто така мачкаме насекаде, зимаме трета кора, и неа ја мачкаме насекаде од смесата.
6. На долната страна ставаме од јаболката и виткаме ролат.
7. Ги редиме во плех, ги сечеме на парчиња и ги премачкуваме одозгора со остатокот од смесата.
8. Се печат на 180 степени ( во загреана рерна ) околу 40 минути.
Забелешка - откако ќе се испече штрудлата, оставаме да се излади, па ставаме прав шеќер одозгора со цедалка. Чашата е 200мл
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав