15
окт
2011
Штипска пастрамајлија
Замесете го квасецот со малку топла вода. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот и измесете го тестото добро да биде средно меко. Оставете го да нарасне. Од кога ќе нарасне, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја со рака така да краевите останат подебели. Месото исецкајте го на ситни коцки, посолете го со сол и црвен пипер и ставете го во секоја пастрмајлија. Ставете преку месото по 1 мала лажичка маст и ставете ги во рерна да се печат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Без адаптирани дела