Прекрасен и необичен начин на подготовка на омлет.
Главицата кромид ја сецкаме на тенки и не толку мали парчиња. Исто и компирите на тенки четврт кругови.
Маслото го заграваме на средна тампература и ги додаваме кромидот и компирите.
На умерен оган пржиме околу 20 минути со мешање.
Кога се испржени компирите и кромидот ги цедиме од маслото и ги додаваме во садот во кој сме ставиле 6 јајца. Се заедно мешаме, посолуваме и оставаме да стои околу 20 минути.
На тенок слој масло во тава на оган ја ставаме да се пржи смесата околу десет минути. Потоа ја превртуваме да се испржи од другата страна.
Оставаме да се подолади и конзумираме.
Омлетов е еднакво вкусен и топол и ладен.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови