11
мар
2014
Шпански колачи
Белките се матат во цврст снег. Се ставаат во сад на пареа и се додава шеќерот. Се мати на пареа подолго време додека смесата не се зацврсти.
Смесата се трга настрана да се олади.
Со лажица се зема од смесата и се става во мелените бадеми, убаво се провалкува од сите страни и се редат колачите на хартија за печење.
Се печат 20 минути на 160 степени. Од како ќе се испечат се оставаат во отворената рерна да се оладат. Оладени се декорираат со чоко прелив.
Место бадеми може да се користат ореви и кокос. Јас тука направив во сите 3 верзии и одлични беа.
Лиценца: Сите права се задржани