Подготовка
Во тенџере на оган, ставете ја водата заедно со маслото и солта да зовријат, а потоа додадете ги шпагетите и повремено промешувајте.
-Кога ќе бидат сварени, тргнете ги од оган и прецедете ги.
-Сирењето изрендајте го и додадете го во шпагетите и промешајте

Сос
Во тавче на оган, ставете го маслото, печурките, сецканото лукче да се пржат околу 3 минути, па додадете ги крем сирењето, чили сосот, доматниот сос и ориганото. Мешајте енергично на тивок оган околу 2 минути и сосот е готов.

Шпагетите сервирајте ги во чинии, а одозгора ставете од сосот и послужете

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани