Подготовка:

1. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Измиените домати ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ги ставаме кај кромидот. Поклопуваме и оставаме на тивок оган да крчка околу 30,35 минути со повремено промешување. Додаваме зачини и ако има потреба сосот го поминуваме со стапчест миксер, за мазна структура.
2. Во посолена вода ги вариме шпагетите според упатството. Ги процедуваме и ги додаваме кај сосот. Соединуваме и топли ги сервираме во две чинии. Додаваме од сирењата и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани