Шпагети во доматен сос со 3 вида сирење

Состојки
- 300гр шпагети
 - Вода и сол за варење
 - Сос од домати
 - 500гр зрели црвени домати
 - 1/2главица кромид
 - По желба 1,2 чешниња лук
 - 2лажици маслиново масло
 - 1/2лажиче оригано
 - Свеж босилек, неколку ливчиња
 - 1/2 лажиче шеќер
 - 1лажиче сол
 - Малку свежо мелен бибер
 - Беби моцарела, коцки биено сирење, коцки бело сирење или кашкавал
 - свеж босилек за декорација
 
Подготовка
Подготовка:
1. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Измиените домати ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ги ставаме кај кромидот. Поклопуваме и оставаме на тивок оган да крчка околу 30,35 минути со повремено промешување. Додаваме зачини и ако има потреба сосот го поминуваме со стапчест миксер, за мазна структура.
2. Во посолена вода ги вариме шпагетите според упатството. Ги процедуваме и ги додаваме кај сосот. Соединуваме и топли ги сервираме во две чинии. Додаваме од сирењата и послужуваме.