Ширден
Ширденот добро се стружи и мие.
Месото се сечка на коцкички и се мие.
На масло пропржете го исечканиот кромид, ставете го месото и заедно пржете половина час. Потоа ставете ги и исечканите суви пиперки.
Зачинете и ставете го оризот.
Во секој ширден ставајте по две шаки од месото. Можете да ставите и по едно лажиче сало ако сакате и малку од сокот кој го пушти месото.
Наполнетиот ширден затворете го со чепкалки. Наредете ги во земјана тава, налијте вода, да има до половината од ширдените, ставете уште малку црвена пипер, одозгора прелијте ги со малку масло, па секој ширден неколку пати продупчете го се чепкалка.
Нека се печат на 190-200 степени половина час, па кога ќе заруменат од едната страна, внимателно превртете ги и вратете ги да се допечат. После некое време можете да ги покриете со фолија, убаво да вријат, а да не изгорат.
На крајот можете да ги запржите со масло и црвена пипер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ova delikates e!
сум го гледала ова јадење на документарна за градот прилеп, тогаш всушност дознав дека постои :)