Прилепски ширден
Прво многу убаво треба да се исчистат јагнешките ширдени и да станат прозирни.
На загреано масло прво се пржи ситно сецканиот кромид, па се додаваат двата вида на месо.
Се динста се додека не испари течноста од самото месо.
Се зачинува со сите зачини, се додава оризот и на крај магдоносот.
Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените.
На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки.
Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријаат, се додава еден исецкан домат и се ставаат во релна да се печат околу 2 часа
За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат.
По желба може да се додаде и сува лута пиперка.
Пред крај се додаваат исчистените компири да се запечат.
Ова јадење е прилепски специјалитет и има посебен шмек од зачинот јенибар (пимент).
Многу е декоративно и посебно вкусно.
Инаку, во некои краеви на нашата земја може да се сретни ширденот и под името сириштето на јагнето.
Мачно е да се исчисти, но се заборава маката кога ќе го почувствувате прекрасниот шмек и вкус.
Задолжителен ручек за Велигденската трпеза кај моите во Прилеп
Лиценца: Сите права се задржани