Се ближи Велигден, ќе се прават козињаците, па еве ви идеја како да го направите овој шеќер со кој ќе ги украсите. Се додека не го открив овој рецепт маки мачев додека да дојдам до него, го порачувавме од сите страни, а сега е се полесно...
Ви требаат само две состојки, шеќер и вода. Шеќерот мора да е купечки затоа што содржи скроб во него кој нема да му дозволи да се стопи во печењето.
Ставете го шеќерот и водата во некое тањирче и убаво измесете го. Треба да добиете тесто кое ќе го изрендате на крупната страна од рендето.
Рерната загрејте ја на 50 степени и исклучете ја. Ренданиот шеќер (можите и малку со прстите да го обликувате во топчиња) ставете го на хартија за печење врз плехот и плехот ставете го во шпоретот. Оставете го така неколку сати, најдобро преку ноќ. Утрото соберете го во некоја тегличка и чекајте го Велигден да дојде.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови