За подготовка на пандишпаните најпрво се матат белките и шеќерот, а потоа се додаваат останатите состојки и убаво се меша. Малиот се пече во тава бр. 24, а големиот пандишпан во тава бр. 36.

За подготовка на кремот најпрво се карамелизира шеќерот. Откако ќе се добие убава боја на карамел, се додава млекото и на тивок оган се вари додека да зоврие и да се соедини со карамелот. Пудинзите се разредуваат со малку млеко (одземено од оние 1300 мл.) и се мешаат со жолчките. Оваа смеса се додава во зовриеното млеко и се меша додека убаво да згусне. Готовиот пудинг се остава да се излади околу 1 час. За побрзо да се излади, потребно е повремено да се промешува.
На страна се мати маргаринот. Лажица по лажица се додава од ладниот пудинг и убаво се мати со миксер додека да се добие посакуваниот крем.

Почнуваме со филување на тортата.
Најдолу се става големиот пандишпан. Над него се премачкува слој од кремот. Над кремот редиме од кроасанчињата додека да се наполни целата површина. Над нив повторно ставаме од кремот. Потоа следуваат бисквитите мацнати во малку млеко со ванила арома. Големиот дел е готов, па следува филувањето на малиот, на истиот начин. Двата дела се остваат неколку часа да се впијат, а потоа се спојуваат и целата торта се премачкува со претходно изматената. Тортата е завршена, а за декорацијата само бидете креативни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови