
6
мај
2013
Шејк од праски и кокос
Во блендер се мелат праските да се добие густа течност.
Во пирето од праска додаваме млеко.
Промешуваме да изедначиме. Додаваме оревите и кокосот и повторно го промешуваме.
На страна го матиме сладоледот според упатството.
Чашите ги полниме до половина, па потоа ги дополнуваме со матениот сладолед. Јас малку повеќе ги наполнив, но тое е веќе по сопствен вкус. Декорираме повторно онака како што сакаме.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови