Испечати

Шејк од праски и кокос

Шејк од праски и кокос

Состојки

  • 250 гр. сладолед од ванила
  • 50 грама кокос ( мелен ситно )
  • 50 гр ореви мелени
  • 200 гр млеко
  • 250 гр. праски

Подготовка

Во блендер се мелат праските да се добие густа течност.
Во пирето од праска додаваме млеко.
Промешуваме да изедначиме. Додаваме оревите и кокосот и повторно го промешуваме.
На страна го матиме сладоледот според упатството.
Чашите ги полниме до половина, па потоа ги дополнуваме со матениот сладолед. Јас малку повеќе ги наполнив, но тое е веќе по сопствен вкус. Декорираме повторно онака како што сакаме.
На здравје