Шарен попарен колач
1. Јајцата, млекото, маслото, гризот и омекнатиот квасец ги промешуваме, потоа го додаваме брашното и замесуваме тесто.
2. Тестото го делиме на два еднакви дела. Во едниот дел додаваме какао и го месиме тестото додека не се изедначи. Потоа двата дела ги оставаме да стасаат околу половина час.
3. Од темното и белото тесто земаме по едно парче и превиме колачи во различна форма додека тестата не се потрошат.
4. Направените колачи ги ставаме во тава намачкана со маргарин и ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
5. Шербет. Шеќерот и водата ги зовриваме и додаваме малку лимонтус и ги вариме околу 5 минути.
6. Подизладените колачи ги полеваме со шербет, потоа ги оставаме да го впијат шербетот и да се излади.
Овие колачи може да се прават во форма на ежиња , тркалајки ги по ситната страна на рендето.
Лиценца: Сите права се задржани